Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, преку фотографија објавена на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ја предизвика љубопитноста кај граѓаните во земјава.

Алиу објави слика со натпис “Let’s get ready” („Ајде да се подготвиме“), навестувајќи дека Министерството подготвува некој конкретен проект за подобрување на административните услуги кои им се нудат на граѓаните.

Министерот во повеќе наврати претходно истакнал дека дигиталната револуција во Република Северна Македонија е приоритет на Владата, па можеби на предизвиканата љубопитност во јавноста ќе одговори со претставувањето на некоја нова дигитална услуга за подобрување на животот на граѓаните во нашата земја.