ДУИ и СДС се експерти за Потемкини села. Помпезно фрлаат лопати, а зад себе оставаат само празни ливади. Така беше со спектакуларната фабрика за електрични автомобили, така е и со изградбата на коридорите, кои побрзаа да ја почнат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На местото на кое Ковачевски и Груби правеа спектакли три дена, по настанот нема ниту работници, ниту багери, ниту градежна механизација. Само една табла и сметка за скапата церемонија. Очигледно преуранетиот настан им требаше да го перат Артан Груби од низата скандали во кои беше фатен, вклучително и тој со изборот на надзорот на изградбата на коридорите, но во исто време овој настан го искористија и да ја дополнат со пари касата на компанијата миленичка на ДУИ“, велат од партијата.

Од таму обвинуваат дека нема пари за учебници, нема пари за лекови, нема пари за поголем стандард, а има пари за луксузни настани.