Операцијата Unternehmen Strafgericht, позната како Операција „Одмазда“ (Retribution) почна во раните утрински часови на 6 април 1941 година, со бомбардирање на Белград по наредба на тогашниот нацистички лидер на Германија, Адолф Хитлер.

Бомбардирањето на Белград дојде како „казна“ поради воениот пуч со кој се собори југословенската влада во Белград на 27 април, која претходно го потпиша Тројниот пакт, со што Југославија требаше да се приклучи кон силите на Оската Берлин – Рим – Токио.

На воениот пуч во Белград му претходеа големи демонстрации. „Боље рат, него пакт“ и „Боље роб, него гроб“ беа главните пароли во деновите по потпишувањето на пактот, што доведе и до пад на тогашната влада.

27 април 1941, демонстрации против Тројниот пакт (фото извор: Wikimedia Commons)

Воздухопловните сили на тогашната кралска југословенска армија располагаше со 77 модерни борбени авиони за одбрана на Белград, наспроти стотиците германски борбени авиони и бомбардери кои беа во првиот бран на бомбардирањето, утрото на 6 април.

На тој ден, германската авијација спроведе бомбардирање на Белград во вкупно четири бранови со разорни последици кои целосно ја парализираа југословенската цивилна и воена команда, уништија голем дел од инфраструктурата и предизвикаа бројни цивилни жртви.

Истовремено, почна и копнената инвазија на Југославија, а воздушни напади беа извршени и врз аеродромите на кралската југословенска армија и други стратешки цели низ цела Југославија. Меѓу цивилните цели на германскиот Луфтвафе (Luftwaffe) беа погодени и Националната библиотека на Србија, која изгоре до темел, заедно со стотици илјади книги и ракописи. Настрада и белградската зоолошка градина. Југославија капитулира 11 дена подоцна, на 17 април. Пучот и демонстрациите против пактот го одложија спроведувањето на Операцијата „Барбароса“ (Operation Fritz) за напад на СССР за нешто повеќе од два месеци.

Подготви: Џ. Дерала

Превземено од Цивил Медиа