13-месечно бебе од Свети Николе, кое лежеше на Инфективното одделение во болницата во Штип поради зараза со морбили е на домашно лекување, во добра општа состојба. Матичните педијатри и инфектолозите да бидат повнимателни во следењето на осипите на децата и да ги пријавуват до надлежните центри за јавно здравје, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портарпол на Комисијата за заразни болести која денеска имаше состанок откако по 2019 одина првпат во Македонија се појави случај на морбили.
Како што кажа д-р Мехмедовиќ, 13-месечното бебе пред 13 дена било на преглед на Очната клиника во Скопје и на Институтот за микробиологија и во тек се епидемиолошки анализи да се види дали има ризик за појава на нови случаи.
Д-р Мехмедовиќ рече дека Комисијата донела повеќе препораки за следење и менаџирање на евентуално нови случаите со морбили во нашата земја.
Прво е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески. Второ е да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоењето на морбили. Третото е педијатрите да ги испраќаат суспектните случаи до специјалисти, а сите материјали треба да се испраќаат до лабораторијата на Институтот за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се напрви преглед во документацијата на сите оние деца кои не се вакцинирани или не се комплетно вакицнирани со цел да се покријат тие дупки во системот кои може да бидат причина за појава на нови случаи. Да се засили процесот на едукација на населението за важноста на МРП вакцината затоа пто претстваува најефискаен начин за ублажување на последиците од морбили, изјави денеска по состанокот на Комисијата д-р Мехмедовиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.