Родителите Стојче и Кристина со потресно сведоштво за смртта на малата Јана за Сител телевизија. Собраа храброст и се појавија пред камерите, иако се гледа дека се скршени од болка.

Петгодишната Јана почина во болница откако и беше дадена инфузија со гликоза, а имала висок шеќер. Се уште се води истрага за причините за смртта на девојчето и заради утврдување дали има лекарска грешка.