Падна таван во редното медицинско училиште во Битола. Повредена е полесно една ученичка, а информацијата ја потврдиле и директорката на училиштето и градоначалникот на Битола, Коњановски. Тој најави дека ќе бара одговорност од страна на директорката на училиштето. По настанот била формирана општинска комисија која извршила увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информирала дека, тоалетите пред неколку години биле реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.