Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска, објави Канал 5.

Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.

-Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните.-изјави – Славица Грковска – Вицепремиер за борба против корупцијата.