Изет Меџити иако не е лидер за него граѓаните имаат најпозитивно мислење, а најголем дел од граѓаните се изјасниле негативно за првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто, објави Алсат.

Анкета
„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравари (46%) и Изет Меџити (43,5%) а понегативно мислење имаат за Мендух Тачи (58,6%) и Артан Груби (58, 3%). Најмалку ги познаваат Башким Хасани и Кастриот Реџепи“.

За случувањата во ДУИ и поделбата на „Огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.
Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на огнената група е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Целата вест на Алсат.