Возило марка „Опел“ попладнево се запали во центарот на Скопје, на булеварот спроти Владата.

За гаснење на огнот, што го зафати возилото некаде околу 14 часот, интервенираше едно противпожарно возило.

Поради пожарот полицијата го блокира сообраќајот на булеварот „Илинден“ кон мостот Гоце Делчев.