Велешанката со инвалидитет, Билјана Гаврилова-Станковска која доби казна од 3.000 денари од ЈП Градски паркинг Скопје затоа што паркирала на место обележано за инвалиди, доби извинување од директорот на јавното претпријатие, Крсте Петревски и и беа вратени средствата кои ги издвои за да и се отстрани блокаторот, пренесува А1он.мк.

Сепак, вели ќе се жали, бидејќи не било прв пат.

-Ќе поднесам преставка до Комисијата за дискриминација. Здружението „Мобилност Македонија“ стои зад мене и оваа борба ќе ја истераме до крај – порача Гаврилова-Станковска.