Велешанецот А.Н. кој на крајот на минатата година со неговото патничко возило „Мерцедес“ удри во мајка и девојче во Велес а потоа избега, денеска во судот призна вина.

Во несреќата, 11 годишното девојче беше отфрлено дваесеттина метри и на лице место почина, додека нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

„Признавам вина и му се извинувам на семејството и на јавноста“, кажа А.Н. пред Судот.

Неговиот адвокат побара од Судот да ги смета како олеснителни околности тоа што А.Н. го признал делото и сам се пријавил во полиција.