Жителите од населбата Бутел 1 и првиот човек на општината Дарко Костовски и понатаму се противат на отворање на нов пат во оваа населба. Градот Скопје планира новиот пат да минува низ дворовите на 16 куќи за кои се тврди дека се државна сопственост. Но, жителите се противат, нагласувајќи дека дворовите се веќе легализирани, а имаат и докази. Костовски ја потсети градоначалничката на Градот дека кампањата ја започнала токму од оваа населба со ветување дека нема да има патишта и згради.

Жителите повторија дека нема да дозволат да им се уништуваат дворовите додека патот минува покрај нивните прозорците.

Според Град Скопје, делницата на улицата „Боца Иванова“ во населба Бутел 1 е предвидена со Генералниот урбанистички план и целата нејзина должина лежи на државно земјиште. Во овој дел законот е јасен и дециден и со него нема простор за политички манипулации. За ова прашање жителите од оваа населба веќе неколку пати преку протести го изразија својот револт.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, пред еден ден изјави дека не се откажува од изградбата на булеварот. Овој проект, како што рече, се најавува речиси 20 години и е во нејзината програма за работа. Дел од патот се гледа како минува низ дворовите на некои од куќите лоцирани во близина. Но, Арсовска рече дека станува збор за делови кои биле државна сопственост, кои граѓаните ги узурпирале.

Извор: АлсатМ