„Ахметистите“ и „Огнената група“ ќе се смират и повторно ќе седнат на маса кај Али Ахмети-оценува Фатмир Дехари, кој во емисијата 200 на Алсат рече дека дебатата меѓу незадоволните и министрите на ДУИ треба да се врати во партиските органи. Дехари зборуваше и за назначувањето на Бујар Осман за координатор во Чаир, „Дрим тимот на ДУИ“, договорот за коридорите 8 и 10, како и статусот на поранешните борци на ОНА. Целосното интервју можете да го погледнете во 22:10 часот на Алсат.

„Враќањето на дебатата внатре во партиските структури и продолжување на овие судири и мислења на маса каде што сме решавале и поголеми проблеми, посериозни проблеми за нашите граѓани и воопшто за политиката, таму ќе го избереме најдоброто… Господинот Ахмети, неговиот начин на функционирање, неговиот пристап, убеден сум дека ќе го свика следниот состанок на структурите на ДУИ“, рече Дехари.