Најголема сума од 22,3 милиони евра предвидени за надзор на работите во Коридорите 8 и 10-Д ќе одат за компаниите „Електросолушн“ и „Евроконсалтинг“, иако лидер на групата компании е италијанската фирма „ ИРД инженеринг“. Компанијата која е лоцирана на иста адреса со компаниите кои влијае да пропадне првиот тендер за надзор „ИГХ“ и „Институтот за патишта“ е на Сотир Ампов, и според истражувањето на емисијата „360 степени“ ќе добие најголем дел од колачот или 44% од вредноста на буџетот за надзор. Околу 40 отсто ќе добие компанијата „Евроконсалтинг“ на Бранислав Димитријевиќ. Победничките компании и компаниите кои не обезбедија банкарски гаранции поради блокирање на парите во руски банки се наоѓаат на иста адреса.

Компанијата „Електра Солушнс“, која е во сопственост на Андон Ампов, лиценцата за надзор ја доби 12 дена по отворањето на тендерот за пријавување на компании за надзор. Поради оваа причина, според македонската опозиција, Владата го продолжи рокот за пријавување за дополнителни 8 дена. Иако компанијата ги негира тврдењата.

„Електра Солушнс не е новоформирана компанија за потребите на тендерот, туку е основана на 25.10.2002 година и успешно работи 21 година. Лиценцата за надзор е земена според правилата, навреме и согласно сите законски одредби“, наведуваат од Електра Солушн.

Но, по која стопанска дејност е позната „Електра Солушнс“? Повикувајќи се на податоците кои ги дава „360 степени“, оваа компанија има најголемо искуство во производството на долна облека и технолошки, компјутерски и ИТ услуги. Во договорот од 400 страници што го обезбеди Алсат, се гледаат сите вртоглави суми. На пример, 27.000 евра месечно за директорот на проектот Паоло Арсини или 1,3 милиони евра општа плата за неговиот ангажман во текот на целиот проект. 20.000 евра месечно за главните инженери, 8-9.000 евра за надзорни инженери и над 5.500 евра месечно за геодети. Од 81 ангажиран експерт, 5 од нив се надворешни. За 4 од нив е определена паушален износ за ангажманот по 300.000 евра, односно државата ќе плати 1,2 милиони евра за нивниот ангажман.