„Доаѓа инспектор од Општина Центар, двапати пишува решение за уривање, меѓутоа објектот не се урива и продолжува да се гради“, кажа неодамна претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, на Телевизија 21, реферирајќи на случајот со, како што рече, „еден познат човек“.

„Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? Срамота!“, додаде таа.

Познатиот човек е политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, а објектот се наоѓа спроти Kлиничкиот центар, во тесните улички преку Водњанска, пишува Призма.

Објектот за кој говори претседателката на ДКСК го гради фирмата „Прагматика“. Сопственик на фирмата е пензионираниот наставник од Гостивар, Гафур Муслиу, инаку татко на Алберт, кој, пак, од 2012 не фигурира во документите на компанијата-инвеститор.

Сепак, во извештаите на градежната инспекција, како претставник на „Прагматика“, е наведено името на познатиот аналитичар.

Целата сторија на Призма