Кошаркарите на Партизан надополнија -14 на полувремето против Црвена Звезда и победија со 92:81 во дербито од 21. коло од АБА лигата.
Натпреварот го одбележа тепачката на играчите на двете водечки екипи во лигата веднаш по последниот звук на сирената на мечот одигран во Белград пред повеќе од 17.000 гледачи.
По натпреварот, играчот на Партизан, Матијас Лесорт, влезе во физичка пресметка со Филип Петрушев, со кого имаше вербални дуели и во текот на натпреварот. Лесорт најпрвин го оттурна Петрушев, а потоа го удри со тупаница по лицето. Играчите спречија поголем инцидент.
Инаку, Лесор беше најдобар поединец на натпреварот со 27 поени и осум скока. Факундо Кампацо постигна 21 поен за Звезда.