реклама
Лејди Гага импресионираше со својот гест на овогодинешното доделување на Оскарите.
Додека се шетала по тепихот, еден од насобраните фотографи се сопнал и паднал, а пејачката веднаш притрчала да му помогне да стане.
реклама
Видеото ги преплави социјалните мрежи, каде многумина го пофалија нејзиниот потег.
„Кралица, таа е толку слатка и грижлива личност“, „Хероина“, „Еве зошто го заслужува најдоброто во животот“, „Мајка“, „Кралица на добрината“, „Светица во музичката индустрија“, „Гага е секогаш икона“, „Не ни размислуваше дали ќе му помогне, тоа беше природен рефлекс“, „Никој друг не дојде да му помогне“, се само дел од коментарите на корисниците под видеото објавено на Твитер.
Lady Gaga stops to help photographer who fell at the #Oscars. pic.twitter.com/4w4MNCO89X
— Pop Base (@PopBase) March 13, 2023
реклама