реклама
Венецуелската актерка Нури Флорес почина на 80-годишна возраст. Нури ја загуби битката со ракот, со кој се бореше со години. Новинарката Кармела Лонго изјави дека актерката се бори со ракот кој метастазирал, а ќерката на Нурија, Патриша Ногуера, ја потврди оваа информација.
Таа беше ѕвезда на многу теленовели, а многумина ја паметат по нејзината улога во теленовелата Касандра снимена во 1992 и 1993 година. Таа ја играше Херминија Ароча, негативка која се бореше да го спречи главниот лик, кој го игра Кораима Торес, да добие семејно наследство. Таа серија постигна голем успех ширум светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван ТВ производ на шпански јазик.
реклама
Нури ја започна својата актерска кариера во 1959 година. Постигна забележителни улоги во сериите Естефанија, Слугинката и сенатор, Ангел на одмаздата, Сенорита Елена, Валерија и многу други теленовели.
Освен со глума, Нури Флорес се занимава и со уметност уште од тинејџерските години и работела како модел. Пред неколку децении се пријавила на изборот за Мис на Венецуела, но ден претходно се откажала.
реклама