Истражувачката емисија „КОД“ на телевизија Телма ја откри шемата и структурата на надзорните компании во Коридорите 8 и 10-Д и нивниот нарушен кредибилитет. Фокусот на истражувањето беше ангажманот на Бранислав Димитријевиќ, основач, сопственик и управител на компанијата Евроконсалтинг, дел од групата компании кои ќе ги надгледуваат работите на конзорциумот Бехтел Енка. Иако Димитријевиќ доби хрватско државјанство, ерменските власти, според Законот за кривична постапка, се уште имаат активна одлука да го приведат под обвинение за измама вредна милиони евра.

Димеска од истражувачката мрежа ПРИЗМА (БИРН) ја провери автентичноста на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби за промената на сопственоста во шпанската компанија „ЕПТИСА“ и изјавата на претставникот на ИРД Инжинеринг Дарко Спироски за сопственост над „Евроконсалтиг“. Истражувањето на ПРИЗМА покажа дека нивните изјави не се совпаѓаат со фактичката состојба.

При обелоденувањето на сопственичката структура на Евроконсалтинг, КОД ги објави и имињата на лицата ангажирани од Димитријевиќ како управители на компанијата, косопственици и овластени лица, меѓу кои и синот на Димитријевиќ, Зоран Димитријевиќ. За дипломатскиот скандал и неговото бегство со помош на дипломати, според КОД Димитријевиќ побегнал по понудена зделка од македонските дипломати вредна 320 илјади евра, а ја напуштил Ерменија дента кога рускиот претседател Владимир Путин престојувал во официјална посета на Ерменија. Неговата компанија во Северна Македонија од нејзиното основање учествувала во околу 250 проекти, од кои 16 во последните 12 месеци.

Извор: АлсатМ