По 42 години од формирањето, специјалната антитерористичка полициска единица „Тигри“ и понатаму останува без ниту еден полицаец Албанец. Албанските партии на власт молчат за овој факт, а надлежните велат дека досега ниту еден кандидат не ги поминал сите нивоа на физичките тестови. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во последната изјава во програмата „Патот кон во Алсат“, изјави дека на последниот конкурс минатата година имало кандидат Албанец кој не поминал, бидејќи не знаел да плива, јавува АлсатМ.

Спасовски истакна дека во оваа елитна единица не е важна етничката припадност на полицајците, туку нивната подготовка. На денешната свеченост на која се одбележа 42-годишнината од формирањето на „Тигрите“, не присуствуваа функционери Албанци. Присутен беше само заменик-директорот на Агенцијата за национална безбедност Ариф Асани. На свеченоста, покрај командантот на единицата, Драган Покоповски, говореа и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски