Искрено се надевам дека ќе се зголемат платите на докторите, изјави Маја Манолева, заменик министер за здравство во емисијата „Детектор“ на Сител.

Таа додава Владата секогаш ги слушала барањата на докторите и медицинскиот персонал и дека вложувала максимални напори да обезбеди средства за повисоки плати

„Тоа е она што го бараат синдикатите. Оваа Влада во континуитет ги следеше барањата на здравствените работници во зависност од можностите. Мислам дека постојано се слушаше гласот на здравствените работници и барањата да се зголемат платите и во повeќе наврати. Искрено се надевам, преговорите се уште се во тек, при крај, искрено се надевам, ова не можам да го потврдам но искрено се надевам дека би требало да се обезбедат средства за она што беше договарано со синдикатите“ – вели Манолева за Детектор.