АД ЕСМ вчера произведе 15.120 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

При тоа, како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 10.564, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.556 мегават часови електрична енергија.