ВМРО-ДПМНЕ бара институциите да ја истражат евентуалната поврзаност на двојното убиство со партиите од власта. Според нив, вакви настани биле многу чести во периодот на раководење со МВР на Оливер Спасовски.

Од СДСМ велат дека треба да се дозволи институциите да си ја вршат работата. Првиот човек на Комисијата за заштита и безбедност од редовите на оваа партија, Миле Талевски, вели дека во последниот период е зголемен бројот на расветлени криминални случаи.

Од СДСМ се задоволни од досегашната работа на Спасовски во расветлувањето на кривичните дела.