Алијанса за Албанци ги соопшти имиња на некои функционери по управи и агенции на Централната власт. Пратеникот Сирија Рашиди ќе го напушти собранието и ќе раководи со Мепсо, додека Ремзи Мемеди од Кичево се очекува да го заземе местото во собрание.

Со Македонска пошта ќе раководи Бујаре Абази, додека со фонд за пензиско и инвалидско осигурување ќе раководи Арсим Хасани, претседател на разгранокот на АА во Куманово.

На чело на Центарот за труд и социјална политика ќе биде Изаир Мемети.

Кадри од партијата на Арбен Таравари ќе раководат и со некои здравствени институции во земјава. Вулнет Селими ќе биде директор на здравствениот дом во Скопје, додека директор на болницата „Тетово“ ќе биде Пелумб Вела. Економски директор на детската клиника во Козле, Тахир Тахири, додека директор на клиниката за неврологија, Висар Мифтари. Како кадар на АА, Халид Матоши ќе биде економски директор на Клиниката за онкологија.

Дритон Небиу ќе биде директор на директорот на Агенцијата за конфискуван имот. Нурије Бајрами ќе биде директорка на библиотеката во Тетово, додека Бујар Бајрами директор на „Вардар филм“. Алијанса за Албанците ќе назначи тројца заменици директори и тоа. Во Агенцијата за млади и спорт заменик директор ќе биде Исак Лазами, во националните шуми Сафет Мифтари, додека во Агенцијата за храна и ветеринарство, Денис Алити.

Назначувањата на нови службеници кои се кадар на АА се во договорот со Владата. Пред две недели, Собранието назначи тројца министри и двајца заменици министри од партијата на Арбен Таравари. Кренар Лога, министер за правда, Фатмир Меџити, министер за здравство, министер за администрација Азир Алиу додека за заменици -министрите на АА беа избрани Вјолца Бериша во земјоделство, Тирон Јајага во одбрана.

Сирија Рашиди – директор на Мепсо
Изаир Мемети – Центар за социјални работи Скопје
Арсим Хасани – директор за пензиски фонд
Бујаре Абази – директорка на Македонска пошта
Халит Ферати – Државен инспекторат за образование

Вулнет Селими – директор на Здравствениот дом во Скопје
Пелумб Вела – директор на болницата во Тетово
Тахир Тахири – Козле – економски директор
Неврологија – Висар Мифтари – директор
Онкологија – економски директор Халид Матоши

Дритон Небиу – Директор на Агенцијата за управување со конфискуван имот
Нурије Бајрами – директорка на библиотеката Тетово
Бујар Бајрами – директор на Вардар филм

Исак Лазами- Заменик директор на Агенцијата за млади и спорт
Сафет Мифтари- Заменик директор на национални шуми
Денис Алити – Заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство