Првиот вицепремиер Артан Груби доцна синоќа му ја честиташе новата партиска функција на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше поставен за координатор на партискиот огранок во Чаир на местотот на потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити.

„На Бујар му посакувам добра работа во координирање на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај онаа на претседателот, Бујари ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, соопшти Груби.

Меџити претходно рече дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи. Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.