Овде од Прилеп велиме ДА за еднакви и моќни жени, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски додавајќи дека жените во СДСМ отсекогаш давале свој придонес во најголемите успеси на државата.
„Можете да помогнете и во новиот исчекор на овој наш заеднички, стратешки евроинтеграциски пат! Заедно сме во борбата за економска, политичка и социјална рамноправност и прогрес“ посочи Ковачевски, честитајќи го 8 март – Меѓунардониот ден на жената.
Претседателот Ковачевски во своето обраќање оцени дека СДСМ е партијата која постојано работи за унапредување на родовата еднаквост на секое поле и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.