Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, имаше квалификации за заборав во трката на 3.000 метри на Европското првенство (ЕП) во сала во Истанбул, откако заврши убедливо последен со време од 8:17,93 минути.
Колку е ова лош резултат покажува фактот што тој е дури дваесетина секунди полош од неговото најдобро време на оваа патека, а воедно и македонски рекорд од 7:58,48.
Вчера настапи и втората македонска претставничка на овој атлетски настан, Дрита Ислами, која заврши на 25. позиција од вкупно 28 атлетичарки кои настапија во дисциплината 400 метри./Sport1.mk