Во Собранието во изминатите неколку дена во тек е дебата за реконструкција на Влада. Синоќа до доцна се дебатираше, па во момент се чини дека нервите попуштија. Талат Џафери влезе во расправија со Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на кој му порача дека на неговиот син не може да му се доближи до малиот прст.
Инаку видеото го објави Телма, а како што е познато во јавноста избија силни реакции откако се појави списокот со имињата на лица кои конкурираа за вработување како судии и обвинители, а на листата на обвинители се најде и името на синот на Џафери, Барлет Џафери.