Пишува: Фејзи Хајдари, сопственик на дневниот весник „Лајм“
Албанските партии генерално, особено ДУИ, ја обвинува ВМРО дека е „антиалбанска“, само кога ги обвинува за коруптивни афери, како што е неодамнешниот случај со Артан Груби.
Не, напротив, мислам дека нема поголем „проалбански“ чин од тоа да ги пријавуваш, обвинуваш и детектираш албанските функционери за корупциски скандали. Дај Боже и СДСМ и ВМРО што почесто, но искрено, да ја обелоденуваат корупцијата во редовите на албанските функционери.
„Бомбите“ на Заев фрлаат многу светлина на оваа појава присутна кај албанските функционери. Но, целата оваа појава треба да ја осуди и албанската политика кон македонските функционери.
Како може денес ВМРО-ДПМНЕ да биде антиалбанск , кога ДУИ со оваа партија владееше од 2008 до 2016 година? Кому треба да му се верува денес: ВМРО, која го обвинува Груби за корупција, или на Груби (ДУИ), кој, фатен во оваа позиција ја обвинува ВМРО дека е „антиалбанска партија“?
Одамнешниот џокер на албанските партии, дека сите македонски партии се антиалбански, кога нè осудуваат-обвинуваат за скандали или кога не се согласуваме за тендери и бизниси, треба да се запали еднаш засекогаш. Албанските партии го злоупотребиле овој џокер, поради високиот степен на доверба на албанскиот електорат во албанските партии, особено во ДУИ.
Општата констатација е дека:
– Албанските партии во Владата можат да соработуваат и со „ултра-антиалбанските“ македонски партии се додека заедно ги штитат бизнисот и интересите. Албанските партии дури и се пазарат, на штета на албанските интереси за кои ветуваат дека ќе ги исполнат за време на изборната кампања. Албанските партии не се караат со македонските партии, за националните политички барања на Албанците, туку само кога се во прашање тесните интереси на партиските лидери, како тендери, провизии, пари, милионски проекти итн.
Како резултат на ваквиот пристап, денес и по 20 години од војната во 2001 година останаа нерешени сите ветени проблеми од крајот на војната… Статусот на војниците на УЧК, официјализирање на албанскиот јазик на исто ниво со македонскиот (или како српскиот на Косово), уставната дискриминација „ народ 20%“, нерешавање на ниту еден од монтираните случаи како што се Диво Насеље, Монструм, убиството на командант Шќипоња, убиството на Харун Алиу, на Иса Лика, потоа скандалозното образование насекаде на албански јазик, учебниците и енциклопедиите многу навредливи за Албанците… и многу, многу други случаи.
Накратко: Албанските партии заштитата на парите, нелегално стекнатото богатство и мафијашко-клиентелистичките интереси ги ставаат пред легитимниот национален интерес (барања).
Затоа, денес младината бега и не прашува! Им го донесовме до нос со кражби, пљачки и измами, веќе 20 години. Срам да ни биде на сите. Нема да ни го простат ваквото антиалбанско однесување.