Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач врз Христијан Пендиков од Охрид.

Вчера во 17 часот полициски службенци го лишија од слобода Б.А. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Toj е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

Инаку, судењето за тепачката во Охрид во која беше претепан Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, случај кој предизвика дополнителни проблеми на релација, Македонија-Бугарија, ќе започне на 28 февруари.