Премиерот Димитар Ковачевски учествува на безбедносната конференција во Минхен, во рамките на која имал куса средба со претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен. Како што вели тој самиот преку социјалните мрежи, на оваа срденчна средба уште еднаш била потенцирана важноста Северна Македонија што поскоро да стане дел од Европската унија.
-Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси на земјата. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат порача Ковачевски.