Вчера во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на „Витаминка“ – Прилеп.
Церемонијата започна со интонирање на националните химни на Република Северна Македонија и Украина. На свечениот настан присуствуваа претставници на Владата и локалната самоуправа, граѓанското општество, дипломатијата и медиумите.
Свои обраќања имаа амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, новоназначениот почесен конзул, Наумоски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович, претседателот на здружението на почесни конзули, Ајдован Адемоски, и претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
По говорите следеше потпишување на Договор за вршење на функцијата ПКУ.
Цивил Медиа