Португалецот Пауло Соуса е нов тренер на Салернитана, која по поразот во последното коло од Верона го замени тренерот Давиде Никола. По дебаклот на Салернитана против Аталанта и поразот со резултат 8-2 пред еден месец, сменет беше и Давиде Никола, но по два дена повторно беше вратен на клупата.

Advertisements

Резултатската криза продолжи и раководството на клубот реши дефинитивно да го смени предводникот. 52-годишниот португалски стручњак ќе биде промовиран во нов шеф на стручниот штаб на тимот од Салерно во текот на утрешниот ден. Договорена е соработка до крајот на сезоната, но доколку клубот опстане во Серија А, договорот ќе биде продолжен за уште две години.

Соуса во текот на својата тренерска кариера ги водеше Фламенго, Бордо, Фиорентина, Квинс Парк Ренџерс, Свонси, Лестер, Видеотон, Базел, Макаби Тел Авив, како и репрезентацијата на Полска.

Прикажи повеќе