Турските медиуми јавуваат дека актерката Џансу Дере исчезнала по разорниот земјотрес и дека потрагата по неа се уште трае. Ѕвездата на турската хит серија Езел не се огласи на социјалните мрежи, што ги загрижи нејзините обожаватели кои се обидуваат да добијат информации за тоа каде се наоѓа, а нејзиното име ги преплави социјалните мрежи.
Се вели дека нејзината куќа е во епицентарот на земјотресот, а турската новинарка Бирсен Алтунташ изјавила дека актерката во соработка со Дизни плус и Фокс им помага на граѓаните кои живеат во подрачјата погодени од земјотресот.
Но, таа вест не ги смири фановите кои се загрижени поради тоа што таа се уште не се огласила на социјалните мрежи или во јавноста. На социјалните мрежи почнаа да се шират гласини дека таа е мртва, но властите и нејзиното семејство не дадоа никакви изјави во јавноста, а фановите се уште се надеваат дека се е во ред.
43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.
Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ во 2004 година, а следната година глумеше во три серии „Аланкакаранлик“, „Аврупа Јакаси“ и „Гуз Јангани“. Две години подоцна ја доби главната улога во хит серијата Сила со која се прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Infiel и светскиот хит Сулејман Величансвени.