28-годишниот фудбалер на АЕК, кој е на позајмица во Зорја, Олег Данченко, доживеа троен срцев удар на подготовките на украинскиот прволигаш.
Го спасила брзата реакција на докторите. Данченко колабирал на тренинг во Турција, а го спасиле австриски лекари кои биле во близина и имале дефибрилатор. Срцето му застанало трипати, бил клинички мртов, но лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба.
Тој е префрлен во болница и сѐ уште не е позната неговата состојба.Данченко во Зорја настапува како позајмен од грчкиот клуб АЕК. Пред АЕК играше за Рубин, Уфа, Шахтјор, Јенисеи, Анжи, Черноморец, Хмелницки и за Металург./Makfax/