Во моментот сега денес од Македонија се случува невидено иселување. Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Еве што изјави тој на прес конференцијата:
-Само во првото полугодие на оваа учебна година испишани се 150 дена од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово заминати се над 200 ученици. Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително.
Ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија како резултат на катастрофалните политики на Зоран Заев, Таче Ковачевски и Стево Пендаровски.
Македонија мора да најде сила да ги победи овие политики. Народот мора да ги победи овие политики кои што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија.
Македонија мора да застане на нозе. Македонија мора да води исправна политика и Македонија треба да си ги чува децата таму каде што им е местото.