ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, се вели во соопштението на оваа партија.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, вандализмот не е добрососедство и не може да биде.

Во соопштението меѓудругото се вели:

Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос.

Сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ.

Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.

Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците.