Македонскиот прволигаш Шкендија загуби од ЦСКА 1948 со 0-2 на пријателскиот меч одигран во Анталија.
Тимот на Ќатип Османи очигледно сѐ уште ја бара формата во пресрет на вториот дел од шампионатот.
Стрелци на головите за бугарскиот тим беа Бастунов во третата минута и Марин во 82. минута од мечот. Следниот тест на тетовци ќе биде дуелот против Динамо Киев на 6. февруари.