Фатмир Лимани, поранешен сопартиец, внук на Али Ахмети, а сега потпретседател нa Беса, преку видео и објава на Фејсбук го прикажува имотот на лидерот на ДУИ и прашува на чие име и со чии пари се купени дузина куќи, објекти и парцели, пренесува Сител.

Тој го прашува Ахмети дали мислел дека вечно ќе молчи за луксузниот имот на лидерот на ДУИ. Лимани прашува со чии пари и на чие име е седиштето во Тетово, партискиот штаб во Чаир во Скопје, вилата во заливот Лалез, хидроцентралите на реката Бачиште, каде и колку парцели се купени во Голем, парцелите околу „сарајот“ на Ахмети.