Швајцарскиот скијач Лоик Мeјaр победи на велеслаломот во Шладминг, едно од последноте натпреварувања од Светскиот Куп пред Светското првенство. Мeјaр ја оствари втората победа сезонава со вкупно време од 2:18.77 минути.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Гино Кавизел (2:19.36), додека на третата позиција се најде Австриецот Марко Шварц (2:19.58). Меѓу првите пет се пласираа и Норвежаните Александар Стен Олсен и Хенрик Кристоферсен.
Во поредокот за велеслалом води Швајцарецот Марко Одермат со 460 бодови, второпласиран е Кристоферсен со 70 бодови помалку, а трет е Словенецот Жан Крањец со 330 бодови. Одермат е лидер и во вкупниот пласман на Светското првенство со 1.186 бодови, а по него е Норвежанецот Александар Омот Килде со 993 бодови, додека Кристоферсен е на третото место со 779 бодови.