Норвешката скијачка Рагнхилд Мовинкел е победничка на супервелеслаломот што во рамките на Светскиот Kуп се одржа во Кортина Д’Ампецо.
Мовинкел славеше со време од 1:23.22 минути и со тоа ја забележа третата победа. Второто место го зазеде Корнелија Хутер од Австрија со заостанување од 0.30 секунди, додека трета беше Италијанката Марта Басино, која беше за 0.47 секунди побавна од победничката.
Мовинкел сега е првa во поредокот за супервелеслалом со 272 бода, пред денешната четвртопласирана Лара Гут Бехрами од Швајцарија (242 бода) и Италијанката Федерика Брињоне (233). Ширфин, и понатаму е убедливо прва во генералниот пласман на Светскиот Куп со 1.317 бода, втора е Словачката Петра Влхова со 796, додека трета е Гут Бехрами со 781 бода.
Скијачките во вторник и среда ќе возат два велеслалома во Кронплац.