Претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија „Во одбрана на Европа“, што се одржува во рамките на Светскиот економски форум во Давос, рече дека е загрижен за тоа до кога ќе се задржи и кога ќе заврши војната во Украина. Пендаровски е дециден дека тоа е клучно за демократијата да надвладее над автократијата.

„Сакаме војната да заврши уште денеска, но логиката на државите и на националните интереси, како што е веќе со векови, е првенствено да се грижите за сопствениот двор. Ако повторно им дадеме приоритет на националните интереси на државите, тоа значи дека ова единство и солидарност ќе исчезнат“, посочи Пендаровски.