Скопскиот главен обвинител Гаврил Бубевски при давањето завршни зборови на предметот „Титаник 2“, ги пофали поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи дека се однесувале културно и со почитување кон судот .

Пофалбата на Бубевски е дел од олеснувачките околности за секој од нив. Обвинителот побара судот да ги прогласи за виновни за стореното кривично дело.

„Бараме да ги прогласите за виновни и да ги казните за стореното кривично дело, ценејќи ги сите отежнувачки и олеснувачки околности – кажа обвинителот.

За Мендух Тачи, Бубевски кажа дека судот како отежнувачка околност треба да ги има во предвид директната умисла, поттикнување и околностите, но и да го акцентира неговото почитување на судот и на обвинителството.

Бубевски и за Мијалков посочи отежнувачки и олеснителни околности.

„Кај Мијалков отежнувачка околност е степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда. Треба да се земе во предвид неговото културно однесување, почитувањето на судот“, заклучи обвинителот.