Нов судечки совет ќе го води повторениот судски процес за „Таргет-Тврдина“ откако Апелацискиот суд во Скопје ја укина првостепената осудителна пресуда и го врати предметот на повторно одлучување пред Основниот кривичен суд, пишува „360 степени“.
На чело на новиот судечки совет од двајца судии и тројца поротници ќе биде судијата Илија Трпков кој од предметите познати за јавноста ги судеше „Организаторите на 27 април“ и „Плацови на Водно“.
Судијата Трпков и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој е еден од обвинетите за масовното прислушување во „Таргет-Тврдина“ веќе се познаваат од судница со оглед дека Мијалков седеше на обвинителна клупа и во „Плацовите на Водно“ каде што со првостепената пресуда доби 1 година и 3 месеци затвор.