Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2030-та година. Се разговарало за нелолку точки.

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои денес разговаравме со градоначалниците на скопските општини.

-На Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините, изготвен е акциски план, по кој се започнува со реализација, а со секоја следна координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа 6 градоначалници на општините под надлежност на Град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар.