Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера држеше говор во Гостивар. Тој ги коментираше поделбите во партијата, и кажа дека овие поделби им служат само на непријателите на Албанците, пренесува ТВ21.

„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети.