Како изгледа иднината на човештвото преку проекција на генератор за слики со вештачка интелигенција? Што нè очекува и што можеме да преземеме за да ја подобриме нашата иднина? Одговорите на овие интересни прашања на иновативен начин се претставени во спотот на претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година презентиран во Виена.
Видеото кое предизвика лавина на позитивни реакции е фокусирано на луѓето кои се крајните корисници на работата на ОБСЕ, а пак претседателството на Северна Македонија во 2023 година ќе се одвива под слоганот „За луѓето се работи“, со силен фокус на теренските мисии и правење видлива разлика на терен.























