Затвореникот кој синоќа избега од затворот Идризово, при што пукал и ранил полицаец е Беким Мемети . Тој бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица, открива Телма.

Како што објави Телма, Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Во септември 2016-та година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

Бегалецот Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница. Пријавено е дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот.Бегството е пријавено во 23:30 синоќа.