Советникот во Стејт департментот Дерек Шоле е во посета на официјално Скопје. Првата средба ја имаше со премиерот Ковачевски, кој му подари македонски дрес.
-Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје.
Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално.
За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.