До крајот на 2024 година ќе биде затврен најдобриот ресторан во светот – познатиот „Нома“, кој успешно го води Рене Реџепи, кој потекнува од Тетово, пишува Улица.мк.
„Нома“, кој се наоѓа во Копенхаген од своето отворање пред 20 години е лидер во индустријата за фино јадење и привлекува гастро-туристи од целиот свет и е на првото место на сите главни листи на најдобри ресторани во светот.
Основачот на Нома, тетовецот Рене Реџепи, исто така е поздравен како еден од највлијателните готвачи во неговата ера. И покрај успехот, Реџепи за Њујорк Тајмс изјави дека барањата за водење врвен ресторан на највисоко можно ниво се неодржливи.
Реџепи призна дека правичното обештетување за близу 100 вработени со задржување на високи стандарди и цени што може да ги поднесе пазарот не е изводливо.
Како резултат на тоа, „Нома“ ќе стане лабораторија за храна со полно работно време, развивајќи нови јадења и производи за својата продавница за е-трговија, Noma Projects, додека ги отвора своите трпезарии само повремено. Улогата на Реџепи затоа ќе се оддалечи од позицијата извршен готвач и повеќе како главен креативен директор.
		






















